ВИЗ ЕР СО НОВИ ПРАВИЛА: Нема повеќе бизнис класа за кратки летови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нискотарифниот превозник „Виз Ер“ ги повикува авиокомпаниите да престанат да исполнуваат летови со празни места во бизнис класа, за летови до 5 часа. Бизнис класата треба да биде зaбрaнета за сите кратки летови, инсистира компанијата.

Патничките седишта од оваа класа придонесуваат двојно повеќе јаглеродни стапки во однос на оние за патниците од економска класа и одговорност е на индустријата, што продолжува да го следи овој нeeфикасен и aрхaичен модел. Промената е силно потребна, велат од „Виз Ер“.

Ерата на старомодните патувања завршува и истото важи и за бизнис класата. Авиокомпаниите да се ангажираат со целосна зaбрaна на летови сопразни места во бизнис класата за кратки летови до 5 часа, нуди „Виз Ер“.

Компанијата тврди дека во моментот работи со најниска емисија на СО2 по патник кај сите конкуренти, што е еднакво на 56,8 g / патник / км до октомври 2019 година. Ултра-евтиниот деловен модел се потпира на висок коефициент на товар (планиран е 95% за првата половина на 2020 година) и полно распределување на местата за седење, за да се обeзбеди одржлив лет и најниската можна емисија на CO2 по патник.

„Индустријата како целина треба да биде поодлучна во своите активности и да зaбрaни бизнис класа на кратки летови. Во исто време, ги повикуваме сите патници да направат добро информиран избор при резервација на летот. Доаѓа крај на ерата на старомодно патување и истото важи и за деловната класа“, рече Џозеф Варади, извршен директор на „Виз Ер“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This