Викендов и пepиoдoт нe oчeкyвaaт пoлapни yтpинcки тeмпepaтyри: Oва се нajновите дeтaли oкoлy вpeмeнcкaтa пpoгнoзa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб илокални врнежи од снег, особено во јужните предели. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, додека во вечерните и ноќните часови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Потоа за време на викендов и на почетокот од следната недела ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Само утре ќе има нешто повеќе облачност и услови за провејување на слаб локален снег. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Ќе биде и многу студено со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 3 степени, додека наутро истите на некои места ќе се спуштат и до околу -15 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This