Викендов многу студено, од понеделник промена на времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска претпладне времето ќе биде умерено облачно со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта значително облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 4 во Маврово, 6 во Берово, Крива Паланка и Охрид, 7 во Битола до 9 во Скопје и Кавадарци и 13 во Гевгелија.

Прогнозата за недела е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 7 до 14 степени.

Од понеделник ќе имаме повремени врнежи од дожд, на повисоките места ина планините снег, а услови за снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This