ВИКЕНДОВ ЌЕ ИМАМЕ ПРАВА ЗИМА: Минусни температури, некаде и снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, во северните и источните делови со слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините со слаб снег.

 

 

 

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер.

Максималната дневна температура ќе биде во интервал од четири до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.

– Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за снег. Во сабота повремен снег ќе има и во пониските места, соопштија од Управата.

Во наредните денови пред новогодишните празници времето во Македонија ќе биде постудено со утрински температури под нулата.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северозападен ветер.

Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, а во сабота повремен снег ќе имаа и во пониските места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This