April 20, 2024, 12:39 pm

Викенд хороскоп: Љубов за едни, кавга за други

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен

Нема причина да ја губите самодовербата. Емотивно сте вознемирени и ќе ви годи дополнителното внимание кое може да го добиете од саканите личности.

Бик

Вниманието го насочувате кон себе, но на погрешен начин. Упорно се обидувате да ги прикриете своите планови или некои „емотивни траги“. Бидете искрени кон саканата личност.

Близнаци

Ова е викенд создаден за „смирување“ на односите, а фактот дека овие денови буквално пукате од самодоверба може дополнително да ви помогне.

Рак

Имате нереални очекувања кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни вашите високи критериуми и вие се тешите дека ви е подобро без нив, но не е така, нели?

Лав

Ќе сретнете стара симпатија и тоа многу ќе ве усреќи, но мора да сфатите дека луѓето се менуваат и ќе имате впечаток дека ќе запознаете потполно поинаква личност.

Девица

Вашиот партнер точно знае што сака да оствари, додека вие се премислувате. Немојте тоа да влијае на вашата врска, пробајте да најдете баланс помеѓу овие две крајности.

Вага

Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. На љубовно поле викендов ќе уживате во романтика со партнерот.

Шкорпија

Нагласен е вашиот интелект и ќе се покажете како одличен набљудувач, уверлив говорник во важните преговори. Внимавајте на судири и нервози. Финансиската ситуација ви е сложена.

Стрелец

Од пријателите денес можете да очекувате сосоема конкретна помош, што ќе ви олесне околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Ако имате план да му се доближите на некоја личност од спротивниот пол најпрво дознајте дали личноста е слободна, дури потоа прејдете во офанзива.

Јарец

Доколку се занимавате со приватен бизнис, ќе имате подобар приход и можност да напредувате во оваа област. Викендот е одличен за вашето поле на емоции, ако има личност која ви се допаѓа. Здравјето ви е доста добро.

Водолија

Наскоро ќе направите нова зделка што може да ви биде многу важна во иднина. Запознавањето со нова личност ќе ви ги измеша чувствата. Можни се заеднички проблеми.

Риби

Почнете да ги реализирате своите идеи со помош на важна личност која ве поддржува. Може да очекувате средба со познаник што ќе ве доведе во состојба на забуна. Внимавајте на исхраната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This