April 26, 2024, 11:57 pm

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ КАКО ЦИА ПРИСЛУШКУВАЛА: Ајфони, Самсунг телевизори, Скајп, Ватсап, Виндоус користени како алатки на ЦИА за прислушкување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загрижувачка е кратковидоста и недоинформираноста на оние кои треба да служат како сервис за информирање на граѓаните, медиумите и новинарите кои лесно се „лепат“ на сервираната пропаганда која доаѓа најчесто од Запад

 

Деновиве, неретки се информациите дека некои Руски хакери се виновни за изборниот резултат во САД, но и дека се одговорни за хакирањето на 500 милиони мејлови на еден од најголемите сервиси во светот „Јаху“.

Она што загрижува е фактот што никој не успеа или немаше доволно волја, да ги објави последните пронајдоци на „Викиликс“ кои под името „Ваулт – 7“ објавија серија на документи украдени од заштитените фајлови на ЦИА, од кои се гледа начинот на кој оваа агенција ги спроведувала шпионските активности низ целиот свет.

Општо е познато дека голем дел од апликациите за комуникација за мобилните телефони се лесна мета за хакерите, но она што беше потврдено со документите на Викилкс, е дека токму оваа шпионска мрежа ги користела, односно дизајнирала овие „пропусти“ во апликациите за да може полесно да пристапи кон приватноста на личностите од нејзин интерес.

Во документите може да се види дека агентите на ЦИА биле активни низ целиот свет, некогаш и физички присутни при имплементирањето на одредени алатки за влез во одреден компјутерски систем или направа за комуникации.

„Ваулт-7“ открива дека ЦИА ги користела паметните телефони Ајфон, телевизорите и телефоните на Самсунг, но од голема корист биле и апликациите како „Скајп“, „Ватсап“, „Вибер“ и некои други кои служеле како алатка на ЦИА за прислушување.

Тоа што загрижува, е неинформираноста на оние кои треба да служат како сервис за информирање на граѓаните, медиумите и новинарите кои лесно се „лепат“ на сервираната пропаганда која доаѓа најчесто од Запад. Да се потсетиме, уште во декември, кога обвиненијата за „руското хакирање“ прстигнаа од администрацијата на Обама, една од големите работи на кои укажаа, бидејќи не претставија никакви други докази беше „пронајдовме руски код“, како тоа да е навистина значајно. Секако сето ова е смешно, имаќи во предвид дека според таа логика ако крадци на банка користеле Фолксваген за бегство, тогаш би морало да се Германци!

Компјутерските вируси и алатките за хакирање користени од ЦИА се развивани од страна на Инженерско развојната група (ИРГ), група задолжена за развој на софтвер внатре во Центарот за кибернетичко разузнување, департман кој е составен дел на Директоратот за Дигитални иновации на ЦИА.

Овие департмани имаат за цел загрозување на приватноста на луѓето кои се нивна цел преку инфицирање на голем дел од уредите кои секојдневно ги користат. Најчесто, хакирани се Ајфони и Ајпади, а се користени и камерите и микрофоните од поновата генерација на паметни телевизори од Самсунг.

Инфицирани се и оперативните системи на Виндоус, Линукс и ОС-икс, како и поголем дел од интернет рутерите на големи компании.

Повеќе за ова можете да прочитате на следниот линк:

https://wikileaks.org/ciav7p1/

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This