April 20, 2024, 10:26 am

ВИКТОРИЈА БЕКАМ КОРИСТИ КРЕМ ОД СОПСТВЕНАТА KPВ КОЈ ЧИНИ 1 200 ФУНТИ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крем „од kpв” е новиот козметички хит во светот, кој ефикасно го спречува создавањето на брчките и го стимулира колагенот. Модната дизајнерка и поранешната „спајсица“ Викторија Бекам (44) користи хидратантен крем направен од нејзината сопствена kpв кој чини 1 200 фунти.

Викторија на „Инстаграм“ им откри на своите следбеници дека кремот е производ на лекарката Барбара Стурм, која е еден од најпопуларните холивудски дерматолози, и дека во него се наоѓаат нејзините сопствени клетки.

Таа мора да го нанесува кремот секој ден, за да го задржи младешкиот изглед на лицето и еластичноста на кожата.
„Од детството имам лоша кожа и отсекогаш сум се обидувала да го сокријам лицето со секаков вид препарати, производи или шминка. За среќа, не треба повеќе да се грижам за тоа“, неодамна призна Викторија.

Бекам не е единствената која ги користи овие производи, познати клиенти кои го пробале кремот од kpв беа Џада Пинкет Смит (47), Џон Малкович (65), Кејт Мос (45), Гвинет Палтроу (46) и многу други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This