ВИКТОР ОРБАН СО ПЛАН ЗА БОРБА ПРОТИВ ИМИГРАЦИЈАТА: Унгарскиот премиер најави план од седум точки со субвенции и бенифиции за младите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави нови субвенции за сите жени кои ќе се оженат пред 40 години, како и нови бенефиции за новите брачни двојки и семејства, објави Танјуг.

„Се помалку и помалку деца се раѓаат во Европа. Што се однесува до Запад, нивниот одговор е имиграција. Треба да се зголеми бројот на новородено деца и само тогаш бројот ќе биде на место. Сепак, не ни требаат броеви. Ни требаат унгарски деца”, рече Орбан во своето обраќање пред нацијата.

Тој најави нова програма со седум точки која ќе им донесе нови бенефиции на новите брачните двојки и семејства.

Новите мерки ќе им овозможат на семејствата со најмалку две деца да добијат субвенции за купување домови и автомобили.

Жените со најмалку четири деца ќе имаат можност да не плаќаат персонален данок на доход.

Жените на возраст под 40 години кои се омажи за прв пат ќе имаат можност да добијат субвенции од десет милиони форинти (36.000 долари), рече Орбан.

Една третина од тој долг се отпишува кога една жена раѓа друго дете, а после третиот долг е целосно опишан.

„Тоа е одговор за Унгарците. Не имиграција“, рече Орбан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This