Вил Смит: Плачев во тоалетот, не бев оженет со жената со која што сакав да бидам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вил Смит во телевизиската емисија “Red Table Talk” открил некои детали од приватниот живот кои досега не беа познати.

Иако е добро познато дека 50-годишниот актер е во среќен и долгогодишен брак со колешката Џејда Пинкет Смит, помалку познат факт е дека пред неа, Вил беше во брак со актерката Шери Зампино со која го има 25-годишниот син Трејд.

Во текот на интервјуто, Смит не криел дека бил несреќен во бракот, па дури и раскажал дека “неконтролирано плачел” во тоалетот во еден ресторан. Актерот во тој момент сфатил дека е во брак со погрешната жена.

https://www.youtube.com/watch?v=W7ZnkknJ5zw

“Тоа беше една од најбизарните емоции кои некогаш сум ги почувствувал. Бевме во ресторанот “The Palm” во Њујорк и се сеќавам дека морав да станам од масата кога сфатив дека не сум со личноста со која што треба да бидам”, изјавил Смит.

“Отидов до тоалетот и почнав да плачам. Плачев и се смеев. Знаев дека требаше да бидам со Џејда, но не се разведов”, додал тој.

Вил со години сакал да започне врска со актерката бидејќи, како што тврди, може да ги препознае луѓето со кои ќе оствари врска и ја чувствува хемијата помеѓу нив.
“Кога ја видов Џејда, знаев дека во нашите енергии постои нешто магично”, вели Вил. Тие ја започнале својата врска со 1995 година откако актерот се развел од Шери.

“Штом ги потпишав документите за развод, ѝ се јавив на Џејда и ја прашав: “Еј, Џејда, што има? Се гледаш ли моментално со некого?”, раскажал Вил. Две години подоцна, парот се венчал, а од 20-годишниот брак го имаат 20-годишниот Џејден и три години помладата Вилоу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This