March 29, 2024, 11:15 am

ВИРУС ИЛИ БИОЛОШКО ОРУЖЈЕ?: Од каде дојде коронавирусот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Кина се обидува да го запре ширењето на корнавирусот од кој починаа повеќе од 130 луѓе се проширија гласини и дезинформации. Некои од теориите се насочени кон Институтот за вирусологија во Вухан, градот каде почна епидемијата. Една од теориите вели дека оваа катастрофа би можела да биде случаен резултат на истражување на биолошко оружје.

Според таа теорија наводните докази укажуваат на тоа дека коронавирусот не потекува од пазарот во Вухан, како што наведе официјалната верзија.

Доколку непотврдените извептаи се точни тоа нема да биде прв пат смртоносна болест да „ избега“ од кинески истражувачки завод. Во март 2004 година девет луѓе се заразија откако вирусот САРС „побегна’ од Националниот институт за вирологија во Пекинг.

Но, стручњаците за „Вашингтон пост“ ја отфрлаат оваа теорија, дека вирусот е направен од човек.

Врз основа на геномите и својствата на вирусот нема назнаки дека станува збор за направен вирус, рече Ричард Ебрајт, професор по хемиска биологија на Универзитетот Ратгерс.

Тим Треван, пак смета дека поголемиот број земји се откажале од истражување на биолошко оружје.
Поголемиот број на новите одвратни болести е зиготна: потекнуваат од природата, вели тој.

Британскиот „Дејли мејл“ е еден од првите кој ја предложи можноста за постоење на врска меѓу вирусот кој неодамна се прошири и националната лабораторија за биолошка безбедност во Вухан, известувајќи минатата недела дека лабораторијата која е отворена во 2014 година и е дел од Институтот за вирологија во Вухан, била предмет на безбедносни проблеми во минатото.

Другиот текст е објавен во „Вашингтон тајмс“, конзервативен весник на САД, кој отиде чекор понатаму сугерирајќи дека „коронавирусот можеби настанал во лабораторија која е поврзана со кинеска програма за биолошко војување“ и укажа на Институтот за вирологија. Во текстот се наведува истражувањето на Дани Шохама, поранешен израелски воен разузнавач кој не сакал понатаму да го коментира случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This