April 25, 2024, 11:18 am

ВИСОКИ ИЗВОРИ ОД БИХАЌКА: Нема да има предвремени избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да има предвремени парламентарни избори, велат високи извори од СДСМ за ТВ21. “Во недела имаме Централен одбор на партијата, каде ќе донесеме одлука за следните чекори, но изборите повеќе не се опција, бидејќи датумот е сигурен во октомври“, изјави за ТВ21 висок извор на СДСМ.

Овој одговор е на прашањето која опција ќе биде активирана од страна на премиерот по вчерашната потврда дека ниту во јуни ниту во јули нема да има одлука Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Инаку, пред околу една недела, премиерот Зоран Заев рече дека негова желба е да има датум за преговори во јуни или јули. Ако е така, ќе продолжи со реконструкцијата на кабинетот на Владата, но ако има одложување на датумот, како што вчера беше порачано од страна на германската канцеларка Ангела Меркел на средбата во Берлин, Заев наведе неколку можни опции, како што е враќање на мандатот , новата влада, предвремените избори или одговорност за недобивањето на датум за старт на пристапните преговори.

Сепак, сé уште не е познато каква одлука ќе донесе премиерот. Конечната одлука треба да падне на Централниот одбор на СДСМ кој ќе се одржи во недела во Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This