ВИСОКИ ТЕНЗИИ НА ПАЦИФИКОТ: Тајван впери ракети „Свиреп Ветер“ кон Кина, со поддршка на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новите крстаречки ракети Земја-Земја, кои можат да го погодат Шангај и Хонконг, разместени се на западот на Тајван. Самите не би се одлучиле на ваков чекор, зад Тајванското ѕвецкање со оружје стојат Соединетите Американски Држави и други членки на НАТО, тврдат соговорниците.

Врз основа на сателитски снимки, воениот весник „Канва дифенс ривју“ тврди дека ракетите се на 50 километри западно од Тајпеј, во база која е специјално изградена за таа намена, на инсталираните ракети на западот им дадоа ознака „Хсијунг Фенг“ Е2,што на Кинески значи „свиреп ветер“.

Воените експерти велат дека станува збор за ракети со дострел од 1500 километри, способни за прецизни напади врз воени бази, атомски централи, стратешки складишта на нафта, железнички пруги, мостови и тунели длабоко на Кинеска територија.

Стручњакот за Кина, политикологот Олег Фочкин, вели дека е јасно дека Тајван сам не би се одлучил на ваков чекор, да нестојат позади него САД и уште некои членки на НАТО. Распоредувањето на ракетите не е случајно и се упатува на тоа дека се работи за чекор кој следува по напорите на Трамп да ги расипе односите со Кина. Распоредувањето на ракети на Тајван во оваа ситуација може апсолутно да се толкува како ѕвецкање со оружје, вели Фочкин.

„Америка секогаш го поддржуваше Тајван, секогаш го поддржуваше отпорот кој Тајпеј го пружа кон Пекинг. Во целокупната ситуација, Тајван многу зависи од САД, но нема многу избор. Па така бројните најави за посета од страна на американски дипломати на Тајпеј се сосема логични. Распоредувањето на ракетите е само потврда дека претходниот курс на Вашингтон и понатаке че биде на сила“, вели Фочкин

Милан Липовац, доцент на факултетот за безбедност во Р.Србија вели дека разместувањето на ракетите треба да се гледа во правец на Кинеско-Американските односи и војната со санкции за увоз и извоз на роба, која што се води во моментов.

„Овој потег треба да се гледа во контекст на преговорите кои се водени за денуклеаризација на Северна Кореа, сега тоа се оди некако споро, па е можно да се внесе некоја нова карта која всашност ја подкрепува оваа позиција на Тајван и маневрите во врска со распоредувањето на ракетите, Тајван е само експонент на некои поголеми сили, а знаеме која сила го подджува Тајван“, вели Липовац.

Воени експерти велат дека „Свирепиот Ветер“ личи на Американскиот „Томахавк“ и дека носи 200 килограми експлозив, но и дека Тајван има амбиција во крајбрежниот декл да распореди околу 300 такви ракети. Меѓутоа, Фочкин објаснува дека Кина против воздушна одбрана која може добро да се носи со такви крстаречки ракети.

„Не мислам дека Кина нешто посебно се има исплашено од ваквите ракети, бидејки Кинеските вооружени сили сега се прилично силни. Треба да се истакне и тоа дека Тајван од секогаш се наоѓал во незавидна положба, а ситуацијата може да се употреби и со Куба и САД и може да се направат одредени паралели. Од една страна Тајван одлично разбира дека опасноста останува, а Кина знае дека до ескалација нема да дојде, но не е на одмет да се подготвува како да ќе има војна“, вели Фочкин.

Со тврдењето на Фочкин се согласува и претставникот на Руско-кинескиот аналитички центар Сергеј Санакојев, кој вели дека времето кое е избрано за оваа провокација, покажува дека властите на Тајван ја имаат реализирано замислата на својот патрон Америка, која влага во прилично општа фаза на трговска војна со Кина.

„Вашинктон во овој трговски конфликт се има насочено и кон Русија и ЕУ, но судејки според се, делува дека САД би сакале целава оваа ситуација да ја потврдат уште и со воени провокации. Во Јужното Кинеско Море се подсмирија претходните конфликти, но воглавно секогаш гледаат споровите со Кина да ги решат билатерално, отколку да ја повикаат шестата флота. Мислам дека оваа провокација нема да помине туку-така и дека ќе следи прилично сериозен одговор на Кина“ оценува Санакојев.

И додава дека Американците неправат ништо случајно и дека многу добро знаат дека Кинезите овој потег со ракетите го доживуваат како мешање во нивните внатрешни прашања. Можно е да се работи за потег на Доналд Трамп кој е човек од бизнисот и навикнат да настапува со „тешка артилерија“, а потоа по пат на компромис да ги извлече за себе најдобрите услови, односно сега за својата држава. Оценува Санакојев.

„Не треба да се исклучи и другата опција, имајки ги во предвид внатрешните процеси кои се одвиваат во Америка, кога конгресот практично ја опструира работата на администрацијата на претседателот, во тек на кампањата за избор на нов конгрес. Дојдено е до одредена пат поциција во која не се знае кој пие, а кој плаќа. Тука можно е да се работи и за некои големи планови и тоа не само во воео-технички контекст, туку за подготовка на некои следни вонредни чекори кои би ги направиле Американците како би оствариле одреден биланс на интереси за себе во регионот“ – заклучува Санакојев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This