ВИСОКИ ТЕНЗИИ ПОРАДИ СРПСКИОТ ВОЗ: Непознати лица поставиле експлозивни мини на пругата на која се обраќа возот од Белград кон Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Возот кој за прв пат по 18 години тргнува од Белград за Косовска Митровица без проблеми пристигнал до Рашка и таму е заглавен во последните два часа, јавуваат медиумите. На Јариње било засилено присуството на полиција поради возот, а во меѓувреме се одржува итна седница на Бирото за координација на службите на безбедност, по што се очекува обраќање на српскиот премиер

kosovo_Policija
Претходно на порталите во Косово беше објавена снимка на која се гледа како непознати лица поставуваат нагазни мини на шините со експлозив наменет за возот кој од Белград тргна кон Косовска Митровица, поради што полицијата извршила контрола на целата должина на пругата.

Специјалците направиле провека на 40 километри од пругата.
voz_kosovo
Возот кој по 18 години тргна од Белград за Косовска Митровица е руска дизел композиција, брендирана со Српското знаме, а по целата должина е испишано „Косово е Србија“. Ова предизвика силна реација кај Косовските власти, а разни криминално-терористички банди се заканија дека ќе го кренат во воздух.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This