ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ НАПРАВИ СООБРАЌАЈКА: Партиски активисти и полицијата попречуваа и малтретираа снимател на ТВ Сител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високиот функционер на СДСМ Мила Царовска дивеела низ скопските улици и направила сообраќајна несреќа додека била под дејство на алхохол, велат очевидци за Сител кои вчера по полноќ јавија во нашата редакција.

carovska_soobrakjajka
-Екипа на Сител веднаш излезе на терен но наместо простор професионално да си ја завршиме работата бевме попречени од група граѓани кои по сообраќајката веднаш пристигнале на местото каде што сеуште стоеше атомобилот на функционерката на СДСМ, објави телевизијата.

Малку подоцна на местото пристигна и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, по што дежурниот полициски службеник на нашиот снимател му забрани да снима, и се обиде да му го одземе снимениот матерјал. Откако снимателот одбил да му ги предаде снимките полицаецот го привел и му забранил да го напушти местото на настанот.

Ова не е првпат насилници да се обидат физички да се пресметуваат со новинари и сниматели на Сител, но првпат се случува полициски службеници да ја попречуваат нашата работа.

Ваквото однесување на полицијата доаѓа откако Оливер Спасовски ја презема функцијата министер во полицијата. Јавно го прашуваме Спасовски дали интервенцијата на полицијата врз нашата екипа беше со цел да се сокрие од граѓаните дека високиот функционер на СДСМ учествувал во сообраќајна несреќа. Дополнителен сомнеж дава фактот дека за случајот денеска нема ниту еден збор во полицискиот билтен.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This