April 26, 2024, 10:50 pm

ВИСТИНАТА ЗА ДУИ: Донација од Финска во Вруток била срамнета со земја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Куќичка во селото Вруток, која била изградена со донација од Финска за да ги информира туристите за биолошката разновидност на реката Вардар, била срамнета со земја без никаква причина за време на владеењето на ДУИ со Општина Гостивар, изјави денеска портпаролот на ЈП Комуанлец, Миртезан Селими.

– Се работи за донација од страна на Финска која во соработка со општина Гостивар во изворот на реката Вардар во село Вруток, изградија една куќичка каде според донаторот и општината, а и според проектот, се предвидуваше да се изгради Инфо-центар во изворот на реката Вардар, кој ќе служеше за информирање на туристите за биолошката разновидност на општина Гостивар, со целпривлекување туристи и развој на руралниот туризам. После преземањето на локалната власт од страна на ДУИ, овој објект е срушен не земајќи ја предвид целта за која беше изграден, т.е. развивање на руралниот туризам, исто така и немање на потребен респект кон странските донации кои и така едвај стигнуваат до општина Гостивар, изјави Селими.

Според него вредноста на ова донација според проектот била 25 илјади американски долари.

– Целта на проектантот била да со овој објект управува јавното претпријатие Комуналец кое ќе вработеше и еден водич кој ќе ги информираше туристите и со изворот на реката Вардар и со биолошката разновидност на овој регион, при што и придобивките од посетите на туристите ќе одеа во контото на претпријатието. Ова е класичен пример на лошо менаџирање со институциите во општината, додаде тој.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This