ВИСТИНАТА ЗА ДУИ: Таравари продолжува – ДУИ во Гостивар вработувале фармацевти како математичари, инженери како лингвисти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тема на денешната прес-конференција во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ” беше образованието, односно лошото раководење во Средното општинско техничкото училиште „Гостивар” за време на мандатот 2013-2017.

-Иако има многу злоупотреби во ова средно училиште, денес ќе ве информираме само за неколку од нив. Дипломиран фармацевт бил ангажиран со полн 20-часовен фонд за математички предмети. Инженер по архитектурата бил ангажиран по предметот англиски јазик, а она што е најинтересно, дипломиран кадар во бизнисот бил ангажиран 4 часа за екстерно тестирање, 2 часа за фотокопирање и 2 часа за „Фејсбук“, информираше портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири.

Тој, како доказ, даде на увид фотокопии од решенијата за засновање работен однос за наведените случаи на непочитување на законските нормативи.

-Ангажирањето на овие кадри е направено само поради тоа што тие се партиски активисти и послушници на нивниот патрон, истакна Демири.

Министерството за образование и наука неодамна му ги одзеде надлежностите на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во делот за именување и разрешување директори.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This