ВИСТИНАТА ЗА КРИЗАТА: На браникот на националните интереси, свесен сум дека ќе настрадам и јас, и моето семејство, мојата партија и моите најблиски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народниот лидер, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното интервју за Топ Тема на телевизија Телма ја обзнани вистината околу причината за политичката криза во Македонија, која се заканува за брзо време да прерасне во безбедносна

gruevski_toptema

Како што изјави Груевски, Македонија веќе подолг период е предмет на надворешна операција на владата со цел промена на Уставниот поредок и името.

„Господине Чомовски, Република Македонија веќе подолг период е предмет на надворешен обид, на надворешна операција за промена на Владата со цел промена на Уставниот поредок и промена на Уставното име. Во една таква операција се влезени многу странски средства преку одредени филантропи. Направена е огромна пропаганда против владеачката гарнитура, пред се кон ВМРО-ДПМНЕ со цел да се оцрни. Да се ослабне и меѓународно и во земјата, да го изгуби кредибилитетот и надвор и меѓу граѓаните со цел да ослабнат институциите и народот сам да ја смени владеачката партија и да донесе друга на власт која што има дадено ветување, коишто некој ги посакува и ги има за своја цел. Во еден таков контекст точно е дека ние се соочуваме со проблеми на меѓународен план. Но дека се соочуваме со проблеми, се соочуваме“ – изјави Груевски.

„Немојте да мислите дека јас незнам дека кога застанувам на браник, на одбрана на некои државни и национални интереси не сум свесен дека нема да добијам разни негативни пораки, казни или било што друго што ќе ме деградира, што ќе ме доведе во непријатна ситуација, што ќе ми направи штета на мене, на моето семејство, на мојата партија, на моите блиски. Го знам тоа. Но свесно одам, затоа што верувам дека само со упорност, залагање и борба може да се убеди и целата меѓународна јавност и сите оние кои можеби нешто наумиле дека тоа не е добро за Македонија. Дека на тој начин ќе се направи огромна штета. Дека во оваа земја освен политичари има и народ. Има и луѓе. Има и луѓе кои си ја сакаат државата и препознаваат ако некој нешто им подготвува, и застануваат против тоа!“ – додаде Груевски.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This