ВИСТИНСКА ДРАМА СЕ ОДВИВА ВЕЧЕРВА: Власта нуди пари и слобода за пратенички глас за промена на името?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неофицијални информации кои засега не се потврдени говорат дека вечерва се одвива вистинска драма каде премиерот Заев е вклучен во операција на корумпирање на гласови на пратеници за уставните измени.

За двотретинско мнозинство потребен им е еден пратеник. За тоа, Заев наводно дал налог да не се штедат пари и ветувања за да се убедат пратениците да гласаат. Пуштени се и посредници кои нудат сѐ и сешто, додека е и ангажирана поголема група на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои од партијата беа оценети како „слуги на Заев“ во обезбедуањето на мнозинството.

Според информациите кои пристигнаат до нас, се вртат телефони и се врши убедување по пратеници и нивни роднини. Тие во операцијата имаат и свој интерес aмнecтиpajќи се од случаите кои се водат против нив. Заев во владата очекува резултати од ваквото финале за нacилна промена на уставот.

Претходно, Твитер заедницата објави фотографии од еден скопски локал, каде бил забележан бившиот вице-премиер Владимир Пешевски со група на пратеници, за кои се тврдеше дека биле а состанокот за да ги убедуваат останатите со цел обезбедување на 2/3 мнозинство.

Екипа на „Инфомакс“, беше во локалот каде ни потврдија дека политичарите биле присутни, но заминале кратко пред да пристигнеме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This