ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ: Температурата во Скопје до 20 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и претежно тивко време. На повисоките места започна да дува слаб до умерен јужен ветер. Утринава беа измерени следниве температури: -3 Берово, -2 Маврово, Скопје Петровец, -1 Струмица, Битола, 0 Кр. Паланка, Тетово, Прилеп, Лазарополе, 1 Д. Капија, Претор, Скопје-З.Рид, Гевгелија, Куманово, 2 Дебар, Штип, Крушево, Охрид, 4 Ѓуриште, Виница, Тополчани, 5 Пожаране, 6 Дојран.

proletni-temperaturi

Денеска не очекува сончево и топло време, попладне во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This