ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ЗАЕВ КОГА НЕ Е ПРЕД МЕДИУМИ: Ќе бркаме од чистачка до министер, живи луѓе има да јадеме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека вчера пред камера говореше како нема да брка луѓе од работа, опозицискиот лидер Зоран Заев кога не е пред медиумите, на партиски состаноци и меѓу членовите на СДСМ ги храбри дека живи луѓе има да јадат и кога СДСМ ќе дојде на власт ќе брка од чистачка до министер.

zaev-izjava640

Заев вчера во изјава пред камера им порача на административците да бидат спокојни, бидејќи отпуштања во администрацијата немало да има, а кој го говорел спротивното тоа го правел тоа од политички, лични или други причини.

-Ве уверувам, завршува времето на реваншизми и делење на народот по партиски списоци. Работното место не смее да зависи и нема да зависи од тоа дали сте член на партија, рече Заев.

Ваквата изјава на Заев е крајно понижувачка за граѓаните, ако се земат во предвид неговите јавни изјави дека кога СДСМ ќе дојде на власт ќе брка од работа од чистачка до министер, ќе јадат живи луѓе и вработувањата ќе бидат исклучиво партиски, како и постапките на СДСМ како ја практикува власта откако успеа да влезе во дел од институциите согласно Пржинскиот договор.

Во декември 2010-та година, Заев беше снимен во партиско-канибалистички напад. Струмичкиот градоначалник тогаш од функција на потпретседател на СДСМ најави партиски вработувања кога ќе дојдат на власт и тоа до ниво на братучеди на членовите на СДСМ.

-Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија, рече Заев.

Истиот оној Заев кој сега порачува дека „работното место не смее да зависи и нема да зависи од тоа дали сте член на партија“, тогаш тврдеше дека партијата ќе вработува свои луѓе за сметка на оние вработени додека на власт била ВМРО-ДПМНЕ.

– Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа! Новиот концепт којшто се повеќе ќе го слушате и којшто ќе значи целосно намалување и кастрење на администрацијата од една страна, ќе значи отварање на наши работни места за нашите луѓе. Ако сме успеале сето ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум по еден член од нивното семејство, сега преминавме во фаза да ги згрижиме нивните братучеди, вели Заев.

Дека ова е вистинското лице на СДСМ и Заев јавноста знае веќе од поодамна, а истото тоа и се потврди изминатиов период, кога социјалдемократите парцијално добија одредени ресори и можност да управуваат со одредени институции согласно договорот од Пржино и истите започнаа брутално да ги партизираат.

Само во првиот мандат како техниучки министер во МВР, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски смени 450 кадри во МВР. Спасовски го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Згрижувањето на партиската војска на товар на државата, односно министерството, граѓаните ги чинеше над 10.000 евра месечно.  Неодамна, јавноста беше запознаена и дека Спасовски спротивно на Законот и системот за кариера во МВР, разместил 17 актуелни старешини во единицата Алфи, а на нивно место донел 36 партиски кадри со двојни решенија.

И додека Заев лажно говори за нереваншизам и порачува администрацијата да била спокојна, фактите говорат дека согласно сценариото  кое го обелодени Заев за бркање од чистачка до министер, неговата министерка Фросина Ременски остави без работа 44 лица. Поради нивни тесни партиски интереси, 44 семејства останаа без егзистенција.

Со нејзина најнова одлука  44 хигиеничари од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија останаа без работа. Ременски го чекала моментот да се започне со исплата на хигиеничарите преку министерството и веднаш потпишала договори со сосема други лица односно  наместо досега ангажираните хигиеничари од сега ангажира заслужни активисти- членови на СДСМ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This