Витаминот Д во време на пандемија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Витаминот Д е важен за имуниот систем, а се смета за добра одбрана против вирусот Ковид-19.

Неодамна објавените резултати од истражувањата на ЈАМА за поврзаноста на вирусот и витаминот Д покажува дека луѓето позитивни на вирусот имале недостиг на витамин Д.

Стручњаците велат дека е доволно дневно да бидете изложени на сонце дваесетина минути за да го добиете потребно дневно количество витамин Д. Овој витамин помага во апсорбцијата на калциумот во цревата, ги јакне коските, ги намалува воспалителните процеси, помага во регулирањето на растот на клетките, позитивно влијае на метаболизмот на шеќерот во крвта.

Сепак, лекарите не се сосема убедени дека витаминот Д може да помогне во заштитата од новиот вирус корона. Според некои претходни истражувања луѓе кои земале додадотци од витамин Д ја намалиле можноста за инфекција на респираторниот тракт. За да се утвриди односот на витаминот Д и Ковид-19 потребно е да се направат уште низа на истражувања, јасни се лекарите.

Ако се прашувате каде има најмногу витамин Д во природата да се потсетиме уште еднаш – во рибите, пред се во пакстрмката, туната, скушата, лососот, во рибиното масло, како и во печурките, сирењето, жолчката, говедскиот црн дроб.

Ако се чувствувате малаксано, чувствувате замор, болка во коските, ако сте нерасположени, чувствувате слабост во мусклулите, тоа може да се знаци за недостиг на витамин Д во организмот. Со увид во крвната слика, лекарот ќе знае дали е пожелно да земате витамин Д како додаток и во кој обем.

Најлесно и најефикасно е да се свртите кон здрава исхрана во која има витмаин Д, да шетате и да се сончате. Најдобар подарок за сопствениот имун систем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This