ВИЦЕПРЕМИЕРИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ПОВИСОКИТЕ ПЛАТИ: Во понеделник пратниците ќе гласаат за поголеми плати на вицепремиерите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во понеделник ќе се гласа Предлог законот за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари кој беше доставен до Собранието на РМ кон крајот на месец декември 2018 година.

Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, коефициентот за утврдување плата на заменик претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3,70.

Согласно ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто изнoс или за 5 вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 481.620 денари.

Од владата тогаш ја демантираа оваа информација и велеа дека со измените во Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се врши само терминолошко усогласување на Законот со Законот за Влада на Република Македонија.

-Нема зголемување на платите на замениците на претседателот на Владата, тврдеа во декември од владината прес- служба.
Но, реалната ситуација е спротивна- доколку предлог законот помине во Собрание, вицепремиерите Лика, Анѓушев, Османи, Шекеринска и Спасовски, веќе од февруари месец оваа година ќе имаат покачени плати за 8.027 денари.

Во продолжение Предлог законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This