Предлог закон за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари кој беше доставен до Собранието на РМ кон крајот на месец декември 2018 година, ќе се гласа во понеделник.
Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓешев и Хазби Лика ќе добијат плати повисоки за 8.027 денари.
Тоа значи дека ќе се одлеат 481.620. денари од парите на граѓаните.
Доколку предлог законот помине во Собрание, вицепремиерите Лика, Анѓушев, Османи, Шекеринска и Спасовски, веќе од февруари месец оваа година ќе имаат покачени плати.