- Advertisement -
Две фирми, во сопственост на фамилијата Заеви се најдоа на најновата црна листа на должници, која ја објави Управата за јавни приходи.
Според документот, фирмите Дарвас – Инженеринг и Сара Инженеринг се најдоа на листата со долг кон државата во висина од над 25 милиони денари.
Па така фирмата Сара- Инженеринг и должи на државата 8.483.668 денари, додека фирмата Дарвас – Инженеринг должи 16.259.715 денари.
Овие две фирми се во сопственост на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.