ВИЦЕ САКА ДА ГИ „ЛАПНЕ“ КАФУЛИЊАТА НИЗ СКОПЈЕ: Вице Заев преку Богоев наредувал УЈП да ги затвара кафулињата во Скопје, за тој да ги купи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо во сервис за граѓаните, и како што ветуваа во предизборната кампања, дека пред казнување на приватните бизниси прво ќе се упатува предупредување, СДСМ го претвори УЈП во џелат на приватните интереси на кланот Заеви

За само десетина дена во Скопје беа затворени неколку десетици локали, од кои најголемиот број добро познати, култни места во градот. Први на удар беа локалите во општина Аеродром, каде не поради неправилност во работењето, туку како што информираат вработените во локалите, поради тоа што на масите имало оставено шеќерчиња со логото на општина Аеродром.

На офанзивата во општина Аеродром, каде освен „Тренд“ беа затворени и слаткарницата „Палма“, а „Дежа Ву“ доби казна од УЈП, претходеше и офанзива во Центар каде беше затворена една од најпознатите пекари во Дебар Маало.

Веднаш потоа, УЈП влезе и во кафе барот „Броз“ кој се наоѓа спроти Универзалната сала.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

-Денес е тажен ден за нас. Броз кафе е затворено од УЈП и владата која ни го ветуваше спротивното и нема да работи во наредните 15 дена. Се гледаме на кафе на 15-ти септември. Благодарност до сите што не подржаа досега. Ќе паметиме подобри денови. Оние кои најдолго ќе паметат – најдолго ќе живеат-напишаа на својот фејсбук профил од кафулето Броз.

 

[/kopa_block_quote]

Во јавноста се збори дека ова е одмазничка акција на УЈП преку новоназначената директорка Сања Лукаревска. Имено новата директорка Лукаревска е многу блиска пријателка на претседателот на младинската организација на СДММ, Стефан Богоев, за чија функција токму Стефан Богоев и Павле Богоевски водеа битка во партијата и покрај желбите на многумина позаслужни членови на СДСМ.

Но што навистина се крие позади овие нарачани инспекции и затварања на кафулињата низ Скопје?

Според информации лица блиски до Богоев, се работи за план во кој крајната цел е бизнис интересот на кланот Заеви. Имено, како што се шпекулира во јавноста, а потврдува нашиот извор, братот на Зоран Заев, Вице Заев бил особено заинтересиран за превземање на кафулињата „Броз“ и „Тренд“ во Скопје. Офанзивата која ја спроведува УЈП казнувајќи и затварајќи ги овие две култни кафулиња во Скопје всушност била нарачка на Вице Заев чиј близок соработник пак е токму Стефан Богоев. Тој, нарачката на Вице Заев ја пренесувал на Лукаревска, која во знак на благодарност за поддршката на Богац за директор на УЈП ги извршува нарачките без поставување на прашања.

Вице Заев и Стефан Богоев се надевале дека за кратко време сопствениците на „Броз“ и „Тренд“ ќе кренат раце поради постојаните казни и затварања, а потоа тие ќе ги превземат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This