ВИЦЕ СТАНА КОМАНДАНТ НА ЕБР: СДСМ се реваншира и со ЕБР – новиот командант брка професионалци за да вработи партиски послушници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред 10-тина дена со политичка одлука на местото прв човек во ЕБР е поставен имењакот на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Столески. Спротивно на системот на кариера, по партиска линија, Столески е унапреден за пет нивоа – од командир на вод ги прескокнал нивоата заменик командант и командант на чета, како и помошничките и заменичките места во команданта на единицата, а со амин на владејачката партија е поставен за прв човек на ЕБР кој треба да ги реализира политичките нарачки. Во единцата е згрижена и неговата сопруга, каде што работи како администратор.

Една од првите активности на Столески е расчистување со сите професионалци за кои постои сомнеж дека не би ги реализирале политичките сценарија на СДСМ. „Инфомакс“ дознава дека денеска биле повикани околу 20 долгогодишни припадници на ЕБР кои учествувале во голем број акции, а не ретко се здобивале и со повреди. На сите нив од страна на командантот Столески им било понудено да потпишат барања за прераспоредување, во спротивно, Столески им најавил дека „тие“ ќе им најделе начин да ги прераспределат и немало да оди се така добро.

Во предизборниот период СДСМ ветуваше дека ќе ја професионализирале наводно партизираната полиција, но досега успеаа само вистински и масовно да ја партизираат. Македонската МВР е единствен пример во светот каде во една канцеларија работат сорпуг и сопруга, во ситуација кога едниот е советник на министерот, а другиот сопружник советник на државниот секратар – каков што е случајот со Стојанче Ангелов и неговата сопруга.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This