March 29, 2024, 10:13 am

Вишка: Асаф е жртва затоа што не е дел од клан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот во Министерството за култура, „и ништо друго“, Висар Вишка повторно застана во одбрана на министерот Асаф Адеми за ск андалот сораспределбата на годишните средства за финансисрање на проекти од културата.

Е сега откако го исфрливте целиот насобран гној во душата против Асаф и мене со “Албанците се криви” да ви кажам дека ова беше очекувано иако непосакувано.

Имено, уште од самиот почеток некои малициозни и некои корумпирани поединци се трудат да вметнат секакви сопки и скандали за да го понижат министерот и да го тргнат, оти смета.

Смета со тоа што не припаѓа на ниеден клан, со тоа е поправичен и објективен кон сите уметници.

Сите ја следите неговата работа и на неговиот тим, и успехот, како човечки, морален, па и финансиски им засмета на баш тие нереализирани души.

Сите засегнати уметници и менаџери на кои што се повикувате се јавуваат да искажат подршка и да кажат дека знаат од кај доаѓа каменот. Од блиску нели.

Така да, знаејќи го Асаф, он нема да дозволи да неговото име се искали и ќе направи се за да ги реши проблемите на засегнатите менаџери и уметници. Затоа е и министер, нели.

Така да и овојпат нема да ви успее да го сопрете прогресот поради вашите тесни коруптивни интереси.

Со почит,
Висар Вишка

Само советник, ништо друго, во Министерството за култура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This