ВКЛУЧЕН АЛАРМОТ ВО ЕУ ПОРАДИ „БРЕГЗИТ“: Важните разлики во преговорите за излез остануваат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит вели дека различните мислења околу транзициониот период остануваат, во овие моменти кога отчукува часовникот за склучување на договор.

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит истакна дека клучните разлики помеѓу двете страни остануваат, за таканаречениот ,,развод’’ на Обединетото Кралство со ЕУ.

Мајкл Барнер го вклучи алармот, како што течат разговорите во насока на трговијата и транзициониот период.

,,Некои клучни разлики во мислењата остануваат помеѓу ЕУ и Обединетото Кралство околу значењето на транзицијата, и условите и димензијата на оваа транзиција’’ вели тој за репортери во Брисел.

,,На пример, во врска со должината на транзицијата, ние сугерираме таа да заврши на 31 декември 2020 година, истовремено со крајот на повеќегодишната буџетска фаза. Велика Британија сака да го пролонгира оваа фаза, како што ние разбираме . ”

Изјавата на Барниер доаѓаат откако британскиот опозициски лидер на Лабористичката партија, Џереми Корбин, рече дека неговата партија сака Британија да преговара за нова царинска унија. Унија која ќе гарантира слободна трговија по Брексит.

“Се разбира дека сме среќни што лидерот на опозицијата дава предлози”, коментираше Мајкл Рот, Германски министер за Европа, “но на крајот, како демократи треба да признаеме дека предлозите од лидерот на опозицијата не се одлучувачки, туку оние на избраната британска влада. И поради тоа ни треба повеќе суштина и поконкретни детали “.

Велика Британија ризикува излезе надвор од ЕУ без никаков трговски договор, ако не се дојде до решение во Октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This