ВКУПНО 35 ЗAPAЗЕНИ: Два нови случаи со кopoнавирус во Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) денеска се испитани 20 примероци на сомнителни за зараза со новиот коронавирус, од кои две лица резултираа со позитивен наод, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вечерашното соопштение на ИШПК се наведува дека станува збор за 44-годишен маж од село во општина Штимље и 39-годишна жена од Приштина.

Со новите два потврдени случаи, официјалната бројка на заразени од смртоносниот Ковид-19 достигна до 35.

Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК, од 8 февруари, заклучно со денешниот ден, се испитани примероците на вкупно 604 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од новиот вирус.

Вчера во Косово беше регистрирана и првата жртва на коронавирусот, откако на Инфективната клиника во Приштина почина 82-годишен маж, кој бил примен на 16. овој месец, а кој боледувал и од хронични кардиоваскуларни болести. Старецот бил заразен од контакт со неговиот син и ќерка, чии резултати се исто така позитивни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This