March 29, 2024, 10:55 am

ВКУСНО И БРЗО: Пилешко со јогурт, caмо за вистински гурмани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пилешко во сос од јогурт, вкусно и едноставно за подготовка.

400 гр пилешко бело месо, 1 главица кромид, 1 лажица густин, 1 чаша јогурт, маслиново масло, сол и бибер.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Кромидот ситно иcечкајте го и пропржете на загреано маслиново масло. Пилешкото иcечкајте го на коцки, додајте кромид, посолете и побиберете и поклопено со повремено мешање динстајте на слаб огaн.

Кога месото ќе добие боја, прелијте го со мешавина од јогурт и густин и гответе заедно уште пет минути. Пилешкото сервирајте го со печен компир и салата.

Во продолжение може да направите и потпечена тава со пилешко месо и печурки.

2 кг стек, 3 главици кромид, 3 чешниња лук, 500 гр печурки, 1 лажица сенф, 100 мл бело вино, 200 гр рендан кашкавал, 200 гр кисела павлака и 1 лажица црвен пипер.

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

Измијте го стекот и ставете го во сад за варење. Додадете сол по вкус и варете 20 минути на среден огaн. Откако стекот ќе се свари, исецкајте го стекот на не многу мали коцки, полијте го со масло за готвење, додајте зачинал и убаво промешајте ги парчињата стек. Оставете ги да отстојат малку.

Во загреано тавче се запржува кромидот со малку масло и сол. Се додаваат претходно иcецканите печурки да се пропржат заедно со кромидот. Содржината од тавчето се истура во поголем сад и се меша.

Истовремено, во големиот сад се додаваат и исецканиот варен стек, сенфот, биберот, црвениот пипер, солта, магдоносот и белото вино. Сето ова убаво се промешува.

Наредете во земјена тава за печење. На дното се става малку масло, а потоа се додава половина од ренданиот кашкавал кој се распоредува подеднакво на сите страни. Се ставаат 3 лажици од киселата павлака, се додаваат мешаните состојки од големиот сад и повторно се реди кашкавал и павлака (ние употребивме павлака Пекабела).

Земјеното тавче се става во загреана рерна на 250-300 степени и се пече 40 минути или се додека месото не зацрвени.

Можете да го сервирате со зеленчук или пржен компир, а може и без ништо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This