ВЛАДАТА АБЕР НЕМА ДА ПОНУДИ ПОМОШ ЗА ШТЕТИТЕ НА ОХРИЃАНИ: Новата власт се однесува како земјотресите да не постојат, граѓаните не знаат каде да пријавуваат штети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охриѓани десетина дена се вознемирени и стравуваат за сопствената безбедност и безбедноста на своите најблиски. Десетина дена се почести и за жал се посилни се земјотресите во охридско-преспанскиот регион кои централната власт предводена од СДС ги игнорира и се однесува како да не постојат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Лилјана Затуроска.

Денешниот земјотрес од 5,1 степени по рихтер предизвика паника во Охрид, а информациите од терен говорат и дека е предизвикана материјална штета на објекти.

Централната власт ги заборави Охрид, Струга и Ресен, а граѓаните во нив се чувствуваат како да се отсечени од Македонија секогаш кога се наоѓаат во некаква кризна состојба.

Централната власт нема издадено препораки за однесување во вакви критични моменти кои загрижените граѓани треба да ги следат. Граѓаните не знаат дали се побезбедни во своите домови или надвор од нив, каде постои друга низа опасности особено пред повисоките објекти.

Граѓаните не знаат каде да пријавуваат штети, и да побараат проверки на статиката на своите домови после овие се позачестени и посилни земјотреси кои што се игнорирани од власта.

Централната власт не смее да спие туку мора да ја зголеми готовноста и оперативноста.

И граѓаните на Охрид, Струга и Ресен како и во сите други градови заслужуваат искрено внимание и помош од власта која има одговорност за нив, а не нивна злоупотреба само кога од тоа се собираат политички поени во време на политички кампањи.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This