ВЛАДАТА ВО ОДБРАНА НА РАШКОВСКИ: Со разговорот се манипулира јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој по објавувањето на тајно снимен разговор во неговиот кабинет, е мета на обвинувања за местење тендер, продолжува со дообјаснување на случајот. Во октомври 2018 година, Рашковски се сретнал со претседателот на Управниот одбор на М-Нав, Николче Тасески и шефот на кабинетот на министерот за транспорт, Митко Тајчулески, а според Рашковски разговорот бил снимен од директор на техника во М- Нав, во меѓувреме разрешен Климент Чепуњоски, кој исто така бил на состанокот. Рашковски вели дека разговорот нема врака со местење тендер за италијанската компанија „Леонардо“ за снабдување со опрема за радарски систем, туку дека се работи за постапка за предавање на опрема од договор склучен претходно. Тој го обвинува Чепуњоски дека за објавување на разговорот и негово искривување бил поттикнат од други причини.

„Имајќи предвид дека опремата е потребна за нормално функционирање на воздушниот сообраќај, со овластување од владата а не со моја волја, беше организиран состанок во мојата канцеларија (кој го снимил Климент, но намерно го исекол делот каде што зборува тој). На состанокот не е донесена одлука за некој тендер туку се зборува за динамиката за доставување на веќе завршената постапка од 2016 година, за која, поради вина на Климент Чепуњоски, не се потпишува спогодбата за доставување“, напиша Драги Рашковски, генерален секретар во владата.

Повеќе портали го објавила аудио разговорот помеѓу присутните во канцеларијата на Рашковски. Во дел од објавите се тврди дека разговорот открива оти Рашковски и присутните се договориле да се одбијат другите понуди на тендерот и да и се даде предноста на италијанската „Леонардо“. Разговорот, според порталите, е од 18 октомври, иако последниот рок за тендерот завршил три дена порано. Тендерот тежел 7 милиони евра, финансирани од Европската банка за обнова и развој. Се пишува и дека во разговорот Рашковски користи навредливи описи за граѓаните на државите од кои дошле понудите на тендерот.

Генералниот секретар на владата вели дека ќе објави и други факти со кои ќе се потврдат неговите тврдења, а најавува и детална прес-конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This