ВЛАДАТА ГИ БРКА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ОД РАБОТА: Брутално го крши Законот и незаконски именува партиски војници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Согласно Законот за државни службеници, при именувањето на раководните позиции задолжително е познавање на англиски јазик при што потребно е да се достави некој од меѓународно признатите сертификати.

Без таков сертификат неможно е вршењето на должноста, односно неконпетентни директори вршат должност незнаејќи странски јазик.

-Таков е случајот со новата директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, новозибраниот прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, како и новите челни луѓе на УБК и БЈБ, Горан Николовски и Лазо Велковски, сите кадри на СДСМ, пишува порталот Денешен.мк.

Наместо професионалци, Владата брутално го крши Законот и незаконски именува партиски војници, учесници во платеничката „Шарена револуција“. Дека Владата без елементарно почитување на законските норми именува и разрешува директори покажува случајот со именувањето на новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во услови на траење на мандатот на директорот на Агенцијата, новата Влада на СДСМ со одлуката за именување на нов директор бесправно го именува новиот директор и бесправно разрешено актуелниот директор, прекршувајќи ги член 18и член 21 од Законот за безбедност на храна.

Инаку, согласно член 18 став 1 и 2 од Законот за безбедност на храна, Владата на Република Македонија именува и разрешува директор кој раководи со Агенцијата за храна и ветеринарство. Мандатот на директорот трае четири години, со можност за повторен избор. Согласно истиот член став 3, за именување на директор се објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници кои се издаваат на територијата на РМ, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Согласно член 21 (разрешување) Директорот на Агенцијата може да биде разрешен пред истекот на мандатот за кој е именуван во следниве случаи:

– на негово барање и

– ако настане некоја од причините поради кои, според прописите за работните односи, му престанува работниот однос по сила на закон и не постапува согласно со законодавството на РМ.

Со одлуката донесена на Владината седница не е испочитувана законски утврдената процедура за именување на Директор, односно неспорен е факот дека не е објавен оглас во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на РМ согласно обврската утврдена во член 18 став 3, а посебно што треба да бидат исполнети посебни услови и квалификации за одредено лице да може да биде именувано за директор, таксативно утврдени во член 18 став 4 од Законот за безбедност на храна.

Со владината одлука е направено прекршување на Законот во делот на разрешување на актуелниот Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство утврдено во член 21, односно актуелниот директор врз основа на Јавен оглас е именуван најпрво за в.д Директор на Агенцијата на ден 16.10.2014 година, а со Решение на Владата од ден 21.12.2014 година е именуван за Директор на Агенцијата со четири годишен мандат што би подразбирало дека мандатот сеуште не е завршен.

Во услови на траење на мандатот, новата Влада на РМ со одлуката за именување на нов директор бесправно го има именувано новиот директор и бесправно разрешено актуелниот директор прекршувајќи ги член 18и член 21 од Законот за безбедност на храна.

-Согласно член 18 се пропишани условите за назначување на директорот каде е наведено и колкав е мандатот на директорот на АХВ, а тоа е четири години со тоа што го назначува и разрешува владата, но под одредени услови. Првично до овој момент јас немам добиено никакво решение со кое сум разрешен од функцијата директор на АХВ. Покрај тоа дознавме од медиумите дека веќе е именуван и нов директор надвор од законските прописи. За именување на нов директорот на АХВ треба да се распише оглас во три дневни весници каде се дава можност и во законот пропишано од член 18, за повторен избор на директор со тоа што на мене како директор ми е ускратено правото да го исполнам мојот мандат, но и да конкурурам повторно на истото место, а и на сите оние кои сакале да конкурираат за ова место, вели незаконски разрешениот директор на АХВ, Зоран Поповски.

Наспроти ветувањата за транспарентност, новата влада именува непрофесионални кадри само благодарение на блискоста до партијата ки учествоата во „Шарената револуција“. Најкласичен пример претставува Министерството за култура, каде се вдомија шарените платеници.

Плукањето по сите проекти во културата на кои работеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, особено  „Скопје 2014“ им се исплатеше на дел од платениците кои први влегоа во министерскиот кабинет со новиот министер за култура, Роберт Алоѓозовски. Тоа ги открива и вистинските причини на ликови како Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, или Мирослав Грчев – фотелјите.

Од друга страна, веднаш по доаѓањето на Алаѓозовски, ибркани од работа беа тројца вработени проефесионалци од министерството за култура, противправно прекинувајќи им ги законските договори кои траат до крајот на годината.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This