ВЛАДАТА ГИ ЗАДОЛЖИ БАНКИТЕ: Да се воведат апликации за да се намали интеракцијата и бирократските процедури за граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата го задолжи Министерство за финансии, а ѝ препорача на Народна банка во заедничка соработка да ја разгледаат можноста за изнаоѓање начини и подготовка на предлог – уредба со законска сила, во насока на задолжување на деловните банки во рок од еден месец да воведат нови финтек апликации со кои значително ќе се намали интеракцијата и бирократските процедури за граѓаните, како и за микро, мали и средни компании.

„Се задолжува Министерството за финансии, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација да предвиди конкретни предлог – мерки со кои банките ќе можат да го стимулираат менувањето на навиките на граѓаните, ќе се софистицираат процесите и ќе се преиспита начинот на издавање на документацијата и на самата документација при барањата за кредитирање и исплати (поевтини токени, дигитални идентификација и сл.)“, стои во владиното соопштение.

Министерството за финансии има задолжение да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која правно ќе се нормираат обврските на банките во поглед на обврската за носење на зAштитна опрема на вработените лица и начинот на имплементирање, број на лица во објектите согласно квадратурата на објектот, одржување на редот во и пред објектите и др.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This