ВЛАДАТА ГИ ЗАДОЛЖУВА ГРАЃАНИТЕ: Во наредните три години Македонија треба да врати 1,5 милијарди евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2019 година за наплата, заедно со камата, стигнуваат 268 милиони евра по кредити што биле претходно земени, во 2020 година износот е 521 милиони евра, додека во 2021 година дури 732 милиони евра, или во наредните три години државата треба да се раздолжи за 1,5 милијарди евра.

Ова го покажуваат податоците од Фискалната стратегија 2019-2021 година што ја изработи Министерството за финансии, пишува весникот „Слободен печат“ во денешното издание. Притоа, в година дури две третини од долговите што треба да се вратат се на странски кредитори, додека во наредните две години, многу повеќе од вкупниот износ се долгови кон домашни кредитори – банки, осигурителни компании и пензиските фондови. Домашните долгови вообичаено се репрограмираат, односно се издаваат нови хартии од вредност, со што со нови долгови се покриваат старите, а многу често се зема и понекој денар плус.

Министерот за финансии Драган Тевдовски деновиве го презентираше новиот Буџет за 2019 година, при што нагласи дека буџетскиот дефицит е во рамките на проекциите од Фискалната стратегија.

Буџетскиот дефицит според презентираниот Предлог-буџет за 2019 година е 17,7 милијарди денари ( 287,8 милиони евра).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This