ВЛАДАТА ГИ НАГРАДИ МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ: 4.2 милиони денари за хероите кои ја однесоа Македонија на Европско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, г-дин Емил Димитриев, денеска (среда, 12.10.2016 година) оствари средба со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал.
emil_fudbaleri-1

Премиерот Димитриев на присутните фудбалери и спортски работници им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбалско првенство.

Тој истакна дека овој голем спортски резултат е од огромно значење за целото општество и за Република Македонија, и истовремено им заблагодари на фудбалерите и спортските работници за нивниот придонес во создавањето на позитивна атмосфера помеѓу сите граѓани. Димитриев истакна дека фудбалерите и спортските работници покажале правилен пример дека во бранењето на боите на државата не постојат разлики по однос на етничка, верска и било каква друга припадност, и дека таквиот пристап обезбедува позитивни резултати во секоја сфера од значење за граѓаните.

Претседателот на Владата ги информираше присутните дека Владата на денешната седница донесе одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди за играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација во износ од 4 200 000 денари, како симболичен чин на благодарност и покажување на поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат. Тој истакна дека Владата во границите на своите ингеренции и надлежност, останува подготвена за понатамошна поддршка на младинската репрезентација во пресрет на подготовките и настапот на европското првенство за млади во фудбал, истовремено додавајќи дека Владата и понатаму ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура и со реализација на мерки за поддршка на спортот.

Претставниците на фудбалската федерација и младинската фудбалска репрезентација се заблагодарија за приемот и за искажаната поддршка, и изразија позитивни оценки за проектите кои Владата ги реализира за поддршка на спортот и фудбалот.

Премиерот Димитриев им посака успех и среќа на фудбалерите и спортските работници за настапот на европското првенство, како и за развој на нивните индивидуални кариери.

emil_fudbaleri-2

emil_fudbaleri-3

emil_fudbaleri-4

emil_fudbaleri-5

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This