ВЛАДАТА ГО БРАНИ ЛАЖГОТО РАШКОВСКИ: Владимир Милчин „распали“ по владата и Рашковски затоа што лажел дека има два докторати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Владата го брани лажгото, а премиерот се колнеше дека неговата влада ќе воведе нови морални норми и одоговорности. Премиерот ја троши довербата на критичката непартиска јавност и придонесува за чувството на резигнираност и гнев– реагира Владимир Милчин на информациите дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во својата биографија лажно навел дека има два доктората.

На интернет страницата на Владата во биографијата за генералниот секретар на Владата Драги Рашковски пишува дека има два доктората.

Во биографијата пишува дека Рашковски на Правниот факултет во Скопје се стекнал со два доктората: „Остварување на формите на непосредна демократија со помош на информатичката технологија“ и „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација)“.

Според сите информации очигледно е дека вториот докторат е само пријавен, прифатен, но не и одбранет.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски вели дека „Рашковски одбранил еден докторат и уште еден му бил завршен и поради ова нема неточни податоци на интернет страницата на Владата“.

Според сите факултетски правила прифатен докторат не е и одбранет докторат. Рашковски одбива да ги коментира овие информации велејќи дека тоа било приватна работа и не е поврзана со неговиот ангажман во Владата. „Секогаш приватниот живот го држам на страна. А мојот докторат, и едниот и другиот се готови“, изјави Драги Рашковски.

Рашковски е именуван функционер и неговото работно место не зависи од бројот на докторатите, па затоа е нејасна потребата за вакви невистинити дотерувања на биографијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This