ВЛАДАТА ГО ДЕMAHТИРА БОКИ: Ни Заев ни Рашковски не потпишале меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз на Јовановски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата, премиерот и генералниот секретар на Владата немаат потпишано меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз, одговорил владиниот портпарол на прашањето на МКД.мк по изјавата на Бојан Јовановски дека било договорено да се потпише таков документ.

Уште во јули 2017 година Бојан Јовановски (Боки 13), како прв претседател на невладината организација Меѓународен сојуз, изјавил дека со премиерот Зоран Заев се договорил за соработка и директна поддршка и дека било договорено да се потпише и таков меморандум за соработка.

Оваа невладина организација е дел од мрежата во случајот „Peкет“ преку која од неколку бизнисмени биле извлечени огромни суми на пари, наводно за градење на социјални станови и пензионерски домови. За таа цел, Боки 13 потпишал меморандуми за соработка со неколку општини (Струмица, Карпош, Битола…), со Министерството за транспорт и врски (25 декември 2017), по што одел по бизнисмените и им ветувал маркици и градежни дозволи за изградба на овие домови и станови.

Во јули 2017 година Бојан Јовановски ги информирал членовите на Меѓународниот сојуз дека имал официјална средба со премиерот Зоран Заев, со кого се согласиле за некои конкретни проекти, дека е договорена директна соработка и директна поддршка, а првиот меморандум за соработка Меѓународниот сојуз ќе го има токму со Владата на Република Македонија.

„Поддршката од премиерот значи директно инволвирање на Владата, помош и логистика за она што ќе го прави Меѓународниот сојуз, а тоа е помош токму за граѓаните кои живеат во Република Македонија“, изјави тогаш Боки 13.

Очигледно е дека невладината организација Меѓународен сојуз била покритие и за изнудувaaње и за пepење пари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This