Владата го повлече Законот за учебници и дидактички помагала

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија го повлече Предлог законот за учебници и други дидактички помагала во основно и средно образование со кој од следната година четвртоодделенците требаше да почнат да учат од дигитални учебници.

„Ве известувам дека Владата на Република Македонија со допис заведен под број 08-2167/3 од 30 јуни 2021 година, ме извести дека Предлогот на закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование, примен и заведен во Собранието на 29 април 2021 година под број 08-2167/1 го повлекува“, се вели во дописот од претседателот на собранието, Талат Џафери.

Известување за повлекување на предлог законот беше испратено до иницијативата „Учебници и настава мора да има“, заедно со исвестување дека со повлекувањето на предлог законот нивното барање за одржување на референдум е беспредметно, односно нема зошто да се одржи референдум.

Претставничката на иницијативата, Драгана Спасевска изрази задоволство од извојуваната победа, но истакна дека битката продолжува понатаму за интервенции и измени во Концепцијата за основно образование, Законот за образование, и сите останати закони кои го уредуваат образованието во државата со единствена цел, да се спороведат реформи, но реформи коишто ќе бидат по мерка на учениците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This