April 26, 2024, 10:22 am

ВЛАДАТА ГО ПРИФАТИЛА ТЕКСТОТ НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА: Граѓаните сеуште не знаат што ќе потпишува Заев и колкава штета ќе нанесе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската Влада на синоќешната седница го прифати Извештајот за извршените преговори и усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, соопшти владината прес-служба. Донесена е и одлука со која Зоран Заев се определува да биде потписник на договорот за кој македонските граѓани не знаат ништо.

Додека во бугарските медиуми на големо се прославува за овој договорот, содржината на истиот Заев и Владата ја кријат. И додека македонската влада молчи за содржината на договорот, која според историчарите и предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ е штетен за Македонија, информациите објавени во бугарските медиумите говорат дека после потпишувањето на договорот ќе се формираат комисии кои имаат за задача да ја следат реализацијата на обврските од договорот, но и дали во медиумите се објавуваат негативни статитии.

-Во него се предвидува формирање на работна група за т.н. заедничка историја. Во неа треба да влезат претставници на научните кругови, општественици, историчари. Три месеци по ратификацијата таа треба да се собере, a целта е да надгледува дали двете земји го исполнуваат договорот и ќе се следи дали продолжуваат да се објавуваат негативни статии во македонските медиуми, пишува бугарските медиуми кои додааа и дека Бугарија планира да го ратификува договорот за добрососедство со Македонија во ОН и на тој начин да му даде обврзувачки карактер.

Од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати бараа итна отворена седница за договорот со Бугарија бидејќи од партијата сметаат дека јавноста мора да знае што ќе биде потпишано.

-Договорот што го спремаат Димитров и Заев ќе биде добар само за Бугарија, а многу штетен за Македонија. Затоа во Бугарија политичарите се фалат со него, а затоа во Македонија тој се крие од јавноста. Откако имавме увид во нацрт договорот за добрососедство како пратеници дадовме пет забелешки кои што сметаме дека се од суштинско значење за овој договор. Зоран Заев и нам и на целата јавност ни соопшти дека договорот може да претрпи промени пред потпишувањето, но министерката за надворешни работи на Бугарија соопшти дека договорот е веќе затворен. Прашуваме кој лаже. Зоран Заев во македонското Собрание или госпоѓа Захариева пред бугарската јавност? Сметаме дека македонскиот народ како засебен и конститутитвен народ во Република Македонија мора да биде споменат во овој договор, реагираа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од „Илинденска“ останаа глуви и на повикот од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, Владата да го објави и образложи текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред негово потпишување. Иванов смета, како што соопштија вчера од неговиот Кабинет, дека отсуството на транспарентност предизвика негативни коментари и загриженост во јавноста која треба да се надмине со објавување на текстот на договорот пред неговото потпишување.

– Претседателот Иванов потенцира дека секогаш треба да се имаат предвид националните и државните интереси на Република Македонија и дека кој било меѓудржавен договор не смеe да бидe на штета на македонските национални интереси, стои во соопштението.

Дополнително, голем број на историчари излегоа со своите ставови во јавноста истакнувајќи дека потпишувањето на договорот за Бугарија ќе има огромни штети за Македонија.

-Толку од транспарентноста, демократичноста и потпирањето на граѓаните… Срамота!!! Ова е договор за добрососедство, а не државна тајна! Како ќе градиме добрососедство со византиски игри?, напиша на својот ФБ профил универзитетската професорка Билјана Ванковска.

Професорот по историја Никола Жежов вели дека договорот за добрососедство е неприфатлив за Македонија и македонскиот народ.

– Тоа според мене е делот што се однесува за заедничка историја меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Тоа во целост е неприфатливо за РМ, бидејќи онака како што го дознаваме од медиумите во таква форма, задира во македонските државни и национални интереси, задира во идентитетот, задира во суштината на македонскиот јазик и македонската историја, истакна Жежов.

Поранешниот дипломат Ристо Никовски смета дека Бугарија во моментов има скриени намери со Македонија.

-Мислам дека ова што се прави со Бугарија е историски погрешно и да се тврди дека со Бугарите имаме заедничка историја е една непростлива грешка, а со други зборови ние сме Бугари само неосвестени иако дел од историјата ни е заедничка како на пример Никола Вапцаров кој пишува на бугарски, тој бил Македонец како една плејада на Македонци кои живееле во Софија и тие може на еден начин да ги прифаќаат Бугарите, меѓутоа тој Вапцаров пишувал дека оваа земја Бугарија не е моја. Така да тука има дел што може да се слави заедно, но во никој случај Илинденското востание, кое симбол на нашата борба и слобода и дека тука има работи кои треба да се расчистуваат изјави Никовски.

Од Здружението „Блаже Коневски“ го повикаа Заев да не го потпишува како што велат, срамниот договор со Бугарија во кој што не се споменува Македонскиот народ и македонскиот јазик.

-Господин Заев 72 години имаме кодифициран јазик исто толку години се бориме за нашето малцинство во Бугарија, зарем ќе се откажеме од нашите браќа и сестри во пиринска Македонија. Зарем ние ќе им речеме дека се Бугари? Немаме разбирање за премиерот Заев кој очигледно враќа поранешни долгови, потенцира Љубомир Сенковски од Здужението.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This