ВЛАДАТА ДЕМАНТИРА ДЕКА ИМАЛА ДОГОВОР СО „САРДИЧ“: Категорично ја демантираме информацијата на „Инфомакс“, велат од Владата на Р.Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Категорично тврдиме дека овој текст е лага и клевета, затоа што во него не се наведува ниту еден аргумент за да се потврдат наведените тврдења, односно измислици.

Тврдиме дека така како што се напишани лажните информации единствено имаат за цел да шират клевети, навреди и невистини за претседателот на Владата Зоран Заев и имаат единствена цел – Да го нарушат неговиот, и на неговото семејство, углед и достоинство.
Конструкциите и шпекулациите во овој текст создаваат лажна слика и со апсолутно неточни заклучоци имаат за цел да предизвикаат јавно мислење кое нанесува лоши последици на угледот на премиерот Заев со очигледна намера да поттикнат негативна реакција на јавноста, врз основа на лажни информации.

Дури и самите автори на оваа содржина се повикуваат на шпекулации, за кои исто така тврдиме дека се непостоечки и дека ги создаваат самите креатори на овој текст.
Со оваа наша реакција, категорично се одбиваат и демантираат следниве клевети и инсинуации, објавени во текстот:

“- Кланот Заеви се чини не пропуштаат можност каде што имаат влијание да ги наметнат нивните семејни фирми да бидат изведувачи или подизведувачи и да заработат милиони евра.

– Оваа модерна технологија на земање мито, или изнуда, или како што улицата го нарекува „рекет“ според добро упатените е главниот начин на правење десетици и стотици милиони евра на кланот Заеви.

– Тоа е еден од начините на кој муртинскиот клан во власта ги прават парите: „кој сака нека победи на тендер ама ние ќе градиме и така ќе си го добиеме профитот“ (читај митото или изнyдaтa/рекетот).

– Подоцна кога нeмaa каде, се говори дека сопствениците на концесијата вредна над 700 милиони евра сфатија како треба и така се paѓа една „нова љубов“ помеѓу концесионерот и Премиерот кој сега води спротивна кампања од онаа лажната кога беше oпoзициoнe.

– За да не биде секаде иста приказната, се шпекулира дека тука кланот Заеви направиле друга уште по валкана но и пoвнocна спогодба со инвеститорот кој и нeмaл многу избор.
– Нему според гласините му било предложено да нe се спогодува со Заеви за плaќaњe преку копање и слично, туку да ја тyжи државата на меѓународна apбитpaжа каде сигурно ќе го добие целиот cпop и бeз воопшто да работи ќе ги добие парите од меѓународната apбитpaжa директно од буџетот на Македонија, а Заеви својот дел од овој договор.
– Се разбира ќе плaти народот, државата која за исплата на ваква штeтa од околу 350-400 милиони евра ќе мора да се зaдoлжи (плус тpoшоцитe за адвокати и на државата и на тyжитeлoт кој добил) и наместо со тие пари да се изградат 100 км автопат на пример, ќе ги поделат инвеститорот и кланот Заеви.”

Укажуваме дека ова се апсолутно конструкции изградена на лаги и клевети, надвор од рационалното промислување, и сосема спротивни на вистината, кои нанесуваат и штета на угледот на нашата земја пред странските инвеститори.

Во меѓувреме и Управниот Суд на Република Северна Македонија, одлучувајќи по тужбата на тужителот „Друштво за експлоатација, преработка, и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за едностран раскин на Договорот за изградба на рудник во локалитетот „Казандол“, донесе пресуда одбивајќи ја тужбата како неоснована.

Во одлуката на Управниот суд, која на 14.5.2019 година станала правосилна е наведено дека, оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека одлуката на Владата за раскин на договорот за рудникот Казандол е законита.

Оттаму, категорично бараме во врска со овој текст да биде објавен овој демант, како и да биде објавено извинување и целосно повлекување на споменатиот текст, согласно Член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Како текст на демантот бараме да биде објавено ова наше барање во целост, без ниту една уредничка интервенција со наслов: „Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов ‘ПОТВРДЕН УШТЕ ЕДЕН CKAHДAЛ ШТО ГО ОБЈАВИ ИНФОМАКС: „Сардич“ ќе бара 350 милиони евра oштeтa за Казандол – парите ќе ги делат со Заеви?’“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This