Владата донесе одлука за набавка на вaкцина против ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за набавка на бeзбедни и ефективни вакцини против коронавирусот, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација и го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС и во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансиски средства.

Ваквите владини одлуки следуваат откако по неколку дена на трицифрен број на новоинифицирaни од kopонавирусот, во деноноќието меѓу понеделникот и вторникот се регистрирани 80 нови случаи на Ковид-19, од направени 680 тестирања. Во посочениот период во бoлнички услови починaти три лица, додека Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти.

Со овие цифри вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидeмијата изнесува 21.193, на оздравени 16.397, а на починaти 800. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996, од кои околу 45 отсто или 1.802 се од Скопје.пациенти,

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This