Владата донесе одлука: Од први септември учениците во клупа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе е изготвен нов предлог план за тоа како ќе се одвива учебната 2020-2021 година. Планот за почетокот на учебната година од септември ќе се знае во следните денови, најави министерот за образование Арбер Адеми.

Адеми посочи дека протоколите се веќе разгледани и одобрени, а позитивен став за враќање на децата во училиште имаат сите релевантни институции.

Со тоа се поизвесно враќањето на учениците во школските клупи.

Истражувањето спроведено од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на Реактор-истражување покажува дека околу третина од родителите, директорите и наставниците или речиси 10 илјади анкетирани се за враќање на децата во училиште.

На неопходноста од отворањето на училиштата посочи и претставничката на УНИЦЕФ, која предупреди на сериозните негативни последици доколку децата останат надвор од училиштата.

Наведе дека наставниците не успевале да стапат во контакт со учениците, но и работните обврски ги спречувале родителите да поддржат своите деца за време на учењето на далечина.

Народниот правобранител пак потенцираше дека најпогодени биле учениците во руралните средини, од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This