ВЛАДАТА Е ВИHOBНА ШТО НЕМА ДАТУМ: Зеколи pacпали и им порача дека тоа што го сменија името не им даде за право да прават што сакаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот и колумнист Арсим Зеколи во своето интерјву за порталот Фактор порача дека Владата е највиновна за недобивањето на датум за преговори со Европската Унија, бидејќи на бизарен начин, , се убеди себе си дека договорите со Грција и Бугарија и даваат карт бланш да прави што сака. Скандалот Рекет, смета Зеколи, се случи во најкритичниот момент пред добувањето датум за преговори и резултатот е затворената врата за Македонија од Брисел.

На прашањето дали гледа вина во Владата на СДСМ и Зоран Заев Зеколи одговори:

-Повеќе од вина, последната година бевме сведоци на еден чуден менталитет на оваа Влада која на некој бизарен начин се убеди себе си дека по потпишувањето на Договорите со Грција и со Бугарија си има добиено карт бланш да прави што сака и како сака. Дел од вината за таквата апсурдна лежерност ја сносат и Германија и доскоро САД, како водечки поддржувачи на наведените договарања, кои беа подготвени на Заев и на Ахмети да им прогледуваат низ прсти, дури и за неспроведување на реформите. Односот и ставовите на водечките лица во земјата безмалку наликуваше на разгалена логика на „имаме поддршка од Америка и Германија и никој друг не ни треба“. Очигледно, официјален Париз има друго мислење за тоа. Втората причина зошто сметам дека поведението на оваа Влада е сосема неодговорно кон предизвиците, е токму скандалот Рекет, кој паралелно се одвива со најкритичниот момент пред добивањето датум за преговори. Во време кога секој гаф можел да биде пресуден за преговорите, добар дел од оваа Влада всушност – со невидена скарадна дрскост – замижувала (ако веќе не и помагала) во развивање на вистинска пајажина на корупција надвисната над севкупниот ионака кородиран систем. И тоа токму во сегментот за кој граѓаните сметаа дека ќе ни го забрза патот кон ЕУ – во СЈО и во правосудството. Влада која бара разбирање и пожртвуваност од осиромаштените граѓани, а самата ја користи секоја можноста за лично богатење, не заслужува преговори, ниту втор мандат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This