March 28, 2024, 10:04 am

ВЛАДАТА ИГРА СОЛО: За името се преговара без консултации со опозицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме една состојба каде опозицијата исто како и остатокот од јавноста се информира од интервјуата на првите луѓе на Владата, министрите од грчка и македонска страна. Но, преговори најмалку се водат преку интервјуа каде јавноста треба да се стави во улога на одгатнувач на секогаш мистериозниот оптимизам кој што постои меѓу двете страни. Падни-стани. Тоа е пресериозен процес за да се препушти на сето ова.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за КУРИР, одговарајќи на прашањето: Заев повторно изрази оптимизам за името, кои се вашите очекувања?

-Што се однесува до самата суштина, можам да кажам дека ниту сум запознаен од владата со грчката спогодба која била испратена, ниту со нацрт спогодбата пратена од наша страна. Ниту нивната содржина ниту намената со која тие се разменија. Оттука Владата игра целосно соло за ова едно прашање за кое опстојува оваа влада, но и со тоа и нашиот кредибилитет и право да не се согласиме со нешто кое може да биде понудено и договорено од владата, рече Мицкоски и додаде:

„Она што за ВМРО-ДПМНЕ е најважно е заштита на идентитетот, јазикот и посебноста на Македонија и нејзиниот народ. Нашиот став е јасен, непромена на уставот со цел промена на уставното име. Идентитетското прашање е стекнато право во личната карта за Република Македонија во Обединетите Нации, идентитетските карактеристики и специфики како јазик, националност потоа двобуквен код, тробуквен код се дефинирани и тоа е стекнато право. Нашиот двобуквен код е МК, нашиот тробуквен код е МКД, нашиот јазик е македонски“.

Грешка е, подвлече Мицкоски, што премиерот „ан блок“ се откажа од идејата и покрај преговорите да пропаднат и не се постигне решение, да не се бара датум за отпочнување на преговори, а процесите со Грција да продолжат и да дочекаат поповолни ветришта.

-Тоа значи дека владата нема план Б. Од друга страна исто е несериозно да се нафрлаат периоди дека решение ќе има за две недели, еден месец. Ова не е разговор за тоа како да се именува некој фудбалски клуб од трета лига, туку се работи за најкомплексното прашање кое задира во нашето суштествување како нација и држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This