ВЛАДАТА ИМА РЕЦЕПТ ЗА ПРОПАСТ: Петар Арсовски за владата на Заев смета дека нема добри кадровски решенија, а финансиската политика е рецепт за пропаст!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски кој долги години важи за близок до СДСМ, во својата најнова колумна за Дојче Веле пишува дека кадровските решенија на Зоран Заев и СДСМ се проблематични, финансиската политика и менаџмент е најблаго речено рецепт за пропаст.

Арсовски во колумната „За хушкачите и шушкачите“ пишува дека новата власт прави грешки, и тоа сериозни

-Ако ги простувавме претходно поради општиот проект, сега треба и тоа како да бидат предмет на критичка опсервација, зашто ако не се искоренат, се закануваат да станат системски, па со тоа и непоправливи.  На пример: кадровските решенија се во најголем дел проблематични, финансиската политика и менаџмент, е, најблаго речено, рецепт за пропаст, комуникацијата со јавноста и медиумите не е партнерска туку продолжува да биде конфронтативна и дискриминаторска, а партијата сеуште и тоа како продира и зафаќа поголем простор во јавните институции, пишува тој.

Арсовски вели дека шушкачите се генералните поддржувачи на промените, но кои се незадоволни од начинот на кој новата власт се справува со својот мандат.

-Нивната мантра е: „за ова ли се боревме”? , пишува тој.

Арсовски пишува дека хушкачите се оние кои сеуште безрезервно и некритички ја поддржуваат сегашната власт, и се нервираат кога некој ја критикува.

-Симнувајќи го критериумот на „било кој, само не тој“ сега и допбивме власт која изгледа баш ако да биде бирани покритериумот „било кој“, пишува Арсовски во својата колумна.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This