ВЛАДАТА ИНФОРМИРА: Уписите во основните и средните училишта во јуни, на факултетите во август и септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уписите во основните и средните училишта ќе се спроведат во јуни, соопшти денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

На прес-конференцијата во Владата, Адеми рече дека се подготвени конкретни протоколи до Комисијата за заразни болести и оти очекуваат одговор оттаму за да може потоа да ги испратат до образовните институции.

Цел јуни ќе им биде на располагање на родителите на првачињата за да ги достават сите документи до основните училишта каде треба да се запишат нивните деца. Веќе подготвиме конкретни протоколи кои се доставени до Комисијата за заразни болести. Тоа се протоколи за упис во основно и во средно образование и очекуваме дека Комисијата ќе ни одговори – рече Адеми.

Запишувањето на првачињата требаше да се реализира во мај, но беше одложено поради актуелната ситуација со корона вирусот.

Уписите во средните училишта ќе се спроведат според конкурсот објавен кон крајот на март.

На високообразовните институции уписите ќе се реализираат во август и септември, а до крајот на мај треба Владата да донесе одлука околу квотите за упис на државните универзитети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This