April 26, 2024, 12:12 pm

ВЛАДАТА И ТЕЛМА ВО БРАК: Сопругата на Саки Кировски вработена во министерство за култура, сопругата на Алаѓозоски во Телма!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве се случи политичко-телевизиски брак помеѓу „независната“ Телма на Андреа Јосифовски каде што Атанас Кировски е директор, и владата на Зоран Заев каде што Роберт Алаѓозовски е министер за култура

 

Вчера јавноста дозна дека директорот на „Телма“ си ја вработил својата сопруга Лидија Кировска во Министерството за Култура кај Роберт Алаѓозовски, како дел од пакетот масовни партиски вработувања. Секако нејзиното вработување не е согласно степенот на професионализам и исполнување на критериуми, туку согласно пријателствата, непотизмот и политичкиот интерес.

Но, за да не биде услугата еднонасочна, сопругата на Алаѓозовски пак, работи како новинар во „независната“ телевизија „Телма“. По назначувањето на Алаѓозовски за министер за култура во владата на СДС, и Телма доби „госпоѓа министерка“. Имено, се работи за Билјана Ставрова (Алаѓозовска).

Покрај директорски позиции недолго после преземањето на власта СДСМ под државна капа ги стави и други партиски членови, активисти на Сорос, како и лица кои се познати од „Шарената револуција“, кои причинија огромна материјална штета на објекти низ Скопје, како што се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This