April 26, 2024, 11:40 am

ВЛАДАТА КАКО НА ДЕДО МУ ФИРМАТА: Рашковски организирал именување на ВД директори кои немале соодветна писмена препорака од надлежен орган за места за кои тоа е потребно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги Рашковски има кривична одговорност за кршење на законот и незаконско именување на функционери – тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Тој изјави дека колективно се носеле одлуките. Тоа значи признавање и неуспешен обид за отргнување на вината.

Во периодот на назначување на Драги Рашковски на функција па се до денот на распишување на локалните избори во неколку наврати организирал именување на ВД директори, на лица кои не ги исполнуваат законските основи за да бидат именувани, и лица кои не поседуваат соодветна писмена препорака од надлежен орган за места за кои тоа е потребно. Рашковски до владината седница доставувал некомплетна документација за предложените кандидати, а истата ги именувала без да бидат исполнети со закон предвидените критериуми – додаваат од партијата.

Именуваните ВД директори кои немале соодветна писмена препорака истата ја добивале денот по нивното назначувањето и таа била заверувана од страна на архива на владата пост фестум. Со што се вршело кривично дело. Лицата именувани на ваков начин законски се нелегитимни, а лицата кои го дозволиле сето ова мора да сносат кривична одговорност, за свесно креираниот правен хаос – објаснува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ

Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена поднесе кривична пријава против Драги Рашковски, кој од позиција на Генерален секретар на владата, ја злоупотребил службената положба и овластување, при што сторил кривично дело според чл. 353 од Кривичниот Законик.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This