ВЛАДАТА МАНИПУЛИРА СО ЧУВСТВАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Зголемувањето на пензиите укинато, пензионерите остануваат и без останатите бенефиции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во вестите на Сител телевизија говореше за намалувањето на покачувањето на пензиите во државата. Мицкоски кажа дека законска обврска на секоја влада е да ја зголемува пензијата доколку растат трошоците, тоа го прават и двете влади, но за разлика од оваа претходната секоја година ја покачуваше пензијата за 600 до 650 денари линеарно.

-Денеска гледаме изјава од соодветниот министер кој што вели, ние ќе ја зголемиме пензијата во вкупен износ годишно од 2.300 или 2.400, карикирам со бројката. Ако 600 денари ги помножиме со 12 тоа се 7.200, тоа неколку пати повеќе од 2.300, дали е доволно, нека проценат 300.000 пензионери кои што претходно имаа можност два пати годишно да добијат зголемување не пензиите и ова што сега се случува и не убедува надлежниот министер дека е успех во работењето, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека тоа за него било очекувано, бидејќи премиерот Зоран Заев тоа го најави.

-Ние и тогаш алармиравме, рековме дека нема да има зголемување на пензиите и јас лично го кажав тоа во едно интервју, што еве само неколку месеци подоцна се потврдува. Дали е тоа добро, секако дека не е добро, секако дека тоа се луѓе што го поминуваа најубавиот период од својот живот, тоа се пензионерските денови, дали 600 денари месечно преточено во годишна  сума е доволно, секако дека не е, можби треба повеќе, но е апсолутно повеќе него ли ова што сега се случува, грубо манипулирање со емоциите у чувствата на луѓето и играње со нивниот стандард во најубавиот период од нивниот живот, кажа Мицкоски.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This